Турција за 6 месеци во 2021 година од извозот на чај заработи приближно 10,3 милиони долари

Во периодот јануари-јуни 2021 година, за 6 месеци, од Турција е остварен извоз на 2.587 тони чај во 108 земји ширум светот од што се заработени приходи во износ од 10 милиони 282 илјади 445 долари

1670873
Турција за 6 месеци во 2021 година од извозот на чај заработи приближно 10,3 милиони долари

Турција од извозот на чај во првата половина од годинава (јануари-јуни, 2021 година) заработи приходи во износ од 10 милиони 282 илјади 445 долари.

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од Источноцрноморската област (ДКИБ или DKİB), во периодот јануари-јуни 2021 година од Турција е остварен извоз на 2.587 тони чај во 108 земји ширум светот.

Од овој реализиран извоз се заработени приходи во износ од 10 милиони 282 илјади 445 долари.

Земји од кои се заработени најголеми приходи од продажбата на чај се Белгија, Германија, Соединетите Американски Држави (САД), Франција, Холандија и Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Во наведениот период од 6 месеци во Белгија е остварен извоз на чај во износ од  4 милиони 491 илјади 611 долари, Во Германија 1 милион 072 илјади 312 долари, САД 598 илјади 256 долари, Франција 446 илјади 891 долар, Холандија 444 илјади 034 долари и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) 423 илјади 124 долари.

Различно од минатата година во овој период беше испратен турски чај и во земји како што се Народна Република Кина, Романија, Србија, Буркина Фасо, Литванија, Чиле, Хрватска, Данска, Парагвај, Полска, Египет, Суринам, Габон, Нов Зеланд и Палестина.

На тој начин со остварениот извоз на турски чај во првите 6 месеци од оваа (2021) година, во споредба со минатата (2020) година кога од 1.882 тони чај беа заработени 7 милиони 528 илјади 457 долари, е остварен раст од 37 отсто на количинска и вредносна база. 

 



Слични вести