Во Амазон заврши ерата на Џеф Безос

Енди Џеси нов главен ивршен директо на Амазон

1670240
Во Амазон заврши ерата на Џеф Безос

 

Џеф Безос, основачот на американскиот гигант за електронска трговија „Амазон“, на 27-та годишнина од постоењето на компанијата ја напушти функцијата главен извршен директор (ГИД).

На страницата на Амазон, како нов извршен директор на компанијата се појави Енди Џеси.

Џеф Безос, кој е извршен директор од а 5 јули 1994 година, кога беше основана компанијата, стана претседател на бордот на директори.

Безос на почетокот на оваа година најави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор, а во мај објави дека на 5-ти јули, своите должности ќе ги предаде на Енди Џеси.

Наведувајќи дека ќе се фокусира на други проекти, вклучително и патувања во вселената, Безос преку објава на неговиот профил на социјалните мрежи Инстаграм во јуни најави дека на 20 јули ќе замине на вселенски пат со неговиот брат Марк Безос.



Слични вести