Министерот Варанк: Турската економија во вториот квартал од годината ќе оствари многу поголем раст

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк денеска изјави во Едирне дека турската економија во вториот квартал од годината ќе оствари многу поголем раст

1669534
Министерот Варанк: Турската економија во вториот квартал од годината ќе оствари многу поголем раст

министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, денеска изјави во градот Едирне дека Турција под лидерство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган спроведе ефикасни политики, воспоставувајќи притоа добра рамнотежа помеѓу здравството и економијата.

Министерот Варанк истакна дека првите индикатори укажуваат дека во вториот квартал на 2021 година ќе се оствари многу поголем раст во економијата на Турција. 

Тој рече: „Благодарение на тоа, додека во светската економија се доживуваат серизни стеснувања турската економија успеа да оствари раст дури и во годината на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Кога ќе погледнеме кон првиот квартал на 2021 година пак, гледаме сериозен перформанс на раст од 7 отсто. Првите индикатори укажуваат дека во вториот квартал на 2021 година ќе се оствари многу поголем раст.“

Мустафа Варанк продолжи со следните зборови: „Нашиот извоз во месец јуни во споредба со истиот месец лани со раст од 47 отсто изнесува 19,8 милијарди долари. Нашиот вкупен извоз во првите 6 месеци од годината пак, со раст од 40 отсто достигна со 105 милијарди долари. Овие бројки се регистрирани како највисоки бројки на остварен извоз во историјата на Република.“

Укажувајќи дека едно друго прашање коешто буди радост е растот во извозот на производи со висока и средно висока технологија, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, го подвлече следното: „Во месец мај во овие две групи на производи е остварен раст до некаде околу 60 отсто и оваа состојба е показател за здраво економско опоравување со додатна вредност.“

 



Слични вести