Извозот на Турција во соседните земји во периодот јануари-јуни се зголеми на 9,1 милијарда долари

Турција во периодот јануари-јуни 2021 година во соседните земји Иран, Грција, Ирак, Грузија, Сирија и Бугарија оствари извоз во износ од 9 милијарди 140 милиони 560 илјади долари

1669504
Извозот на Турција во соседните земји во периодот јануари-јуни се зголеми на 9,1 милијарда долари

Извозот на Турција во периодот јануари-јуни оваа (2021) година, за 6 месеци, во соседните земји Иран, Грција, Ирак, Грузија, Сирија и Бугарија, во споредба со истиот шестмесечен период минатата (2020) година со раст од 36,5 отсто се зголеми на 9,1 милијарди долари.

Турција која својот извоз во првите 6 месеци од годината во споредба со истиот период минатата година со раст од 40 отсто го зголеми на 105 милијарди долари и со тоа фрли потпис на рекорд, го зголеми извозот и во своите соседни земји.

Турција во периодот јануари-јуни 2021 година, за 6 месеци, во своите соседни земји Иран, Грција, Ирак, Грузија, Сирија и Бугарија оствари извоз во износ од 9 милијарди 140 милиони 560 илјади долари. Овој износ во истиот период минатата (2020) година изнесуваше околу 6 милијарди 695 милиони 978 долари.

На тој начин, извозот во наведените земји во првите 6 месеци од годината во споредба со истиот шестмесечен период минатата (2020) година оствари раст во износ 36,5 отсто.

Кога ќе се разгледа распределбата според секторите во коишто е остварен извоз од Турција во соседните земји за 6 месеци, се гледа дека на прво место се наоѓа секторот на „хемиски материи и нивни производи“. Во овој сектор за 6 соседни земји е остварен извоз во висина од 1 милијарда 546 милиони 340 илјади долари. По овој сектор следуваат "житарици, мешункасти производи, масни семиња и нивни производи" со 1 милијарда 101 милион 876 илјади долари и "челикот со извоз од 760 милиони 921 илјада долари.

 



Слични вести