Министерот Муш: Достигнавме до највисоките бројки во извозот во историјата на Републиката

Министерот за трговија Мехмет Муш истакна дека извозот во првите 6 месеци со раст од 40 отсто изнесува 105 милијарди долари и дека на месечна, квартална и шестмесечна база се достигнати највисоките бројки во извозот во историјата на Републиката

1668939
Министерот Муш: Достигнавме до највисоките бројки во извозот во историјата на Републиката

Министерот за трговија Мехмет Муш на прес-конференцијата што ја одржа со Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) на конференциската сала на Министерството  ги соопшти надворешно-трговските бројки за месец јуни.

Муш рече: „Извозот во првите 6 месеци со раст од 40 отсто изнесува 105 милијарди долари. На месечна, квартална и шестмесечна база достигнавме до највисоките бројки во извозот во историјата на Републиката.“  

Велејќи дека извозот во јуни оваа (2021) година, во споредба со истиот месец минатата (2020) година е зголемен за 47 отсто и се зголеми на 19,8 милијарди долари, Мехмет Муш соопшти дека во првите шест месеци на годината извозот со раст од 40 отсто достигна до 105 милијарди долари.

„Наведените бројки се највисокиот износ во извозот во историјата на Републиката ѝ на месечна, ѝ на квартална ѝ на месечна база. Нашиот изнов во извозот во последните 12 месеци пак, со 199 милијарди 567 милиони долари е највисокиот остварен 12 месечен извоз досега.“ - рече Муш.

Министерот за трговија Мехмет Муш, алудирајќи на поставените цели за 2022 година го рече следното: „Заедно со чекорите за нормализација веруваме дека ќе ја надминеме и бројката од 198 милијарди долари како поставена цел за 2022 година којашто зазема место во Среднорочната програма и нашиот извозот ќе го зголемиме и многу повеќе од 200 милијарди долари.“

 



Слични вести