Капацитетот на искористување на производствената индустрија во Турција на врвот во последната една и пол година

Процентот на искористување на капацитетот на производствената индустрија во Турција во месец јуни го достигна врвот во последната една и пол година

1664187
Капацитетот на искористување на производствената индустрија во Турција на врвот во последната една и пол година

Процентот на искористување на капацитетот на производствената индустрија во Турција во месец јуни оваа (2021) година со 76,6 отсто го достигна највисокото ниво во последната една и пол година.

Според објавеното соопштение од Централната банка на Република Турција, беше направена проценка на дадените одговори од страна на 1.749 работни места кои делуваат во производствената индустрија на Анкетата за економска ориентација за месец јуни.

Според резултатите од анкетата, процентот на искористување на капацитетот општо во производствената индустрија во месец јуни во споредба со претходниот месец (мај) со раст од 1,3 поени се зголеми 76,6.

На тој начин процентот на искористување на капацитетот го достигна највисокото ниво во последната една и пол година.

Исто така и капацитетот на сезонски прилагодениот  процент на искористување во истиот период со раст од 1,1 поени достигна до 76,3 отсто.

 



Слични вести