Првата група руски туристи пристигна на одмор во Анталија

Во текот на денот, денеска се очекува од Русија во Анталија со 44 авиони да пристигнат повеќе од 12 илјади туристи

1662398
Првата група руски туристи пристигна на одмор во Анталија

Денеска во познатиот туристичкки центар на средоземноморските крајбрежја на Турција, „туристичката престолнина на Турција“ Анталија, пристигна првата група туристи од Русија.

Заклучно со денеска (22 јуни 2021 година) се укинати ограничувањата за патување од Русија кон Турција коишто беа започнати на 15 април во рамките на преземените мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) од страна на оваа земја.

Според тоа, авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) којшто полета од Аеродромот Внуково во главниот град на Русија, Москва, со своите 132 патници рано утрово во 05:40 часот слета на аеродромот во Анталија.

Руските туристи кои слегоа од авиониот во рамките на преземените мерки против епидемијата поминувајќи преку термални камери, дојдоа на пасошка контрола и по законските постапки за влегување во земјата, од аеродромот заминаа во своите хотели кадешто ќе го поминат својот одмор. 

Во текот на денот, денеска се очекува од Русија во Анталија со 44 авиони да пристигнат повеќе од 12 илјади туристи.

 



Слични вести