Туркиш Ерлајнс највреден бренд на Турција и во 2021 година

Меѓународната институција за вреднување на брендови „Бренд Финанс“ („Brand Finance“) соопшти дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) стана највреден бренд на Турција и во 2021 година со вредност од 1 милијарда 605 милиони долари

1654745
Туркиш Ерлајнс највреден бренд на Турција и во 2021 година

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) стана највреден бренд на Турција и во 2021 година.

Меѓународната институција за вреднување на брендови „Бренд Финанс“ („Brand Finance“) ја заврши својата студија во врска со 2021 година насловена како „Највредните брендови на Турција-Turkey 100“.

Според тоа, на прво место на списокот исто како и во 2019 и 2020 година со вредност од 1 милијарда 605 милиони долари се најде Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), а на второ место е компанијата за бела техника и технологија „Арчелик“ која со вредност од 1 милијарда 585 милиони долари се искачи за три места погоре.  

На третото место на списокот се наоѓа Иш Банката со вредност од 1 милијарда 193 милиони долари која во споредба со минатата година се искачи за 5 места погоре. Четврта е банката Гаранти ББВА со вредност од 1 милијарда 190 милиони долари, петта компанијата за технолошка комуникација операторот Турксел со 1 милијарда 061 милион долари, а шеста Зираат Банката со вредност од 952 милиони долари. 



Слични вести