Автомобилската индустрија на Турција во мај 2021 година оствари извоз од 1,9 милијарди долари

Автомобилската индустрија на Турција во месец мај оваа (2021) година во споредба со истиот месец минатата (2020) година со раст од 56,5 отсто фрли потпис на извоз во висина од 1,9 милијарди долари

1652585
Автомобилската индустрија на Турција во мај 2021 година оствари извоз од 1,9 милијарди долари

Автомобилската индустрија која се наоѓа на прво место во секторална база во последните 15 години во извозот на Турција, во месец мај оваа (2021) година во споредба со истиот месец минатата (2020) година со раст од 56,5 отсто фрли потпис на извоз во висина од 1,9 милијарди долари.

Според објавеното соопштение од Унијата на извозниците за автомобилска индустрија Улудаг (ОИБ), извозот на индустријата за снабдување, автомобили и автобуси-минибуси-мидибуси минатиот месе (мај) оствари раст со двоцифрени бројки.

Во 5 месеци (јануари-мај) од годината пак, извозот на автомобилската индустрија во споредба со истиот период јануари-мај минатата година со раст од 37 отсто достигна до 12 милијарди долари.

За Германија како најголем пазар на автомобилската индустрија на Турција во месе мај оваа година во споредба со истиот месец минатата година со раст од 75 отсто е остварен извоз во висина од 318 милиони долари.

За Франција, вториот најголем пазар, со раст од 67 отсто се испратени производи во износ од 241 милион долари.

За Италија, третиот најголем пазар пак, со раст од 92 отсто е остварена надворешна продажба во висина од 133 милиони долари.

 



Слични вести