Донмез: „Инвестициите се знак на доверба во Турција“

На дневен ред на 3-от Турско-германски енергетски форум, на кој Донмез присуствуваше преку видеоконференција, беа студиите за природен гас

1650729
Донмез: „Инвестициите се знак на доверба во Турција“

Министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Дoнмез, рече дека заедно со партнерите на германските енергетски компании, во последните 18 години во енергетскиот сектор на Турција се инвестирани околу 25 милијарди евра.

„Овие бројки ја покажуваат довербата во турската економија“ рече Донмез.

На дневен ред на 3-от Турско-германски енергетски форум, на кој Донмез присуствуваше преку видеоконференција, беа студиите за природен гас.

Министерот Динмез во говорот рече дека заклучно со 2019 година, инвестициите на Германија во Турција изнесуваат над 13 милијарди долари и дека приближно 7 илјади германски компании, долги години  продолжуваат со своите инвестиции во Турција.

Нагласувајќи дека со зголемувањето на учеството на обновлива енергија, тие исто така ги забрзале своите инфраструктурни инвестиции за природен гас.  Исто така работат на зголемување на капацитетот за подземно складирање, кое достигна 5 милијарди кубни метри птенцирајќи дека во 2023 година овој капацитет ќе го згокемат на 11 милијарди кубни метри.

Министерот Донмез изјави дека во наредните денови имаат за цел да ги зголемат своите инвестиции во природен.

„Во оваа прилика би сакал да ги поканам германските инвеститори да земат поактивно учество не само во секторот за обновливи извори, туку и на нашиот пазар на природен гас, кој нуди значителни можности“, рече Донмез.



Слични вести