Турција за 9 месеци од извозот на лешници заработи приближно 1,6 милијарди долари

Турција за 9 месеци од извозот на 231.995 тони лешници заработи приходи во износ од приближно 1,6 милијарди долари

1650545
Турција за 9 месеци од извозот на лешници заработи приближно 1,6 милијарди долари

Турција во извозната сезона на лешници којашто започна на 1 септември 2020 година, за 9 месеци, од надворешната продажба на лешници заработи приходи во износ од приближно 1,6 милијарди долари.

Според објавеното писмено соопштение од Унијата на извозниците на лешници и производи од лешници од Црноморската област (KFMİB), Турција во периодот 1 септември 2020-31 мај 2021 година на различни земји им продаде 231.995 тони и од тоа заработи приходи во износ од 1 милијарда 619 милиони 333 илјади 250 долари.



Слични вести