Октај: Турција со раст од 7 отсти во првиот квартал на второ место меѓу 20-те најразвиени земји на светот

Потпретседателот Фуат Октај соопшти дека турската економија со раст од 7 отсто во првиот квартал на годината се најде на второ место меѓу 20-те најразвиени земји на светот

1649413
Октај: Турција со раст од 7 отсти во првиот квартал на второ место меѓу 20-те најразвиени земји на светот

Потпретседателот Фуат Октај соопшти дека турската економија со раст од 7 отсто во првиот квартал на 2021 година се најде на второ место меѓу 20-те најразвиени земји на светот.

Октај во споделената објава на својот профил на социјалната медија го напиша следното: „Нашата економија која во првиот квартал на 2021 година оствари раст од 7 отсто се наоѓа на второ место меѓу 20-те најразвиени земји на светот. Рековме дека епидемијата ќе ја претвориме во можност и дека ќе станеме економија којашто ќе се разликува позитивно. Турција со секој поминат ден расте, зајакнува.“



Слични вести