Раст од 188 отсто на извозот на црноморскиот лосос од Турција во периодот јануари-април 2021 г.

Од извозот на 1.657 тони црноморски лосос од Турција во периодот јануари-април оваа година се заработени приходи во износ од 9 милиони 373 илјади 305 долари, што претставува раст од 188 отсто во споредба со истиот минатата 2020 година

1644119
Раст од 188 отсто на извозот на црноморскиот лосос од Турција во периодот јануари-април 2021 г.

Во периодот јануари-април оваа година од градовите Трабзон и Ризе од Црноморската област е остварена надворешна продажба на 5.528 тони црноморски лосос.

Од извозот на црномрски лосос којшто се остварува само од овие два града од Црноморската област, од 1.657 тони црноморски лосос се заработени приходи од 9 милиони 373 илјади 305 долари и во споредба со истиот период јануари-април минатата 2020 година е остварен раст во количинска база во висина од 233 отсто, а од аспект на вредноста раст од 188 отсто.

Земји во кои е остварена најголема надворешна продажба на црноморски лосос од Турција, редум се Русија, Виетнам, Јапонија, Украина и Грузија.

Во наведениот период јануари-април во Русија е реализирана продажба на 4.636 тони црноморски лосос во износ од 23 милиони 338 илјади 463 долари. По оваа земја следуваат Виетнам со извоз од 2 милиони 969 илјади 351 долар и Јапонија од 266 илјади 035 долари.

Во истиот период минатата (2020) година како различни земји во кои е истварен извоз на црноморски лосос од Турција се Украина, Алжир, Канада, Соединетите Американски Држави (САД) и Шведска.



Слични вести