Туркиш ерлајнс започна летови до меѓународниот аеродром Њуарк либерти во државата Њу Џерси

Компанијата ќе организира 4 лета неделно кон Њуарк до 13 јуни 2021 година, и тоа секој понеделник, среда, петок и недела

1643912
Туркиш ерлајнс започна летови до меѓународниот аеродром Њуарк либерти во државата Њу Џерси

Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (ТХЈ) започна летови до меѓународниот аеродром Њуарк либерти во американската сојузна држава Њу Џерси.

Според соопштението објавено од „Туркиш ерлајнс“, компанијата ќе организира 4 лета неделно кон Њуарк до 13 јуни 2021 година, и тоа секој понеделник, среда, петок и недела.

Од 13 јуни, летовите ќе се остваруваат секој ден во неделата.

Туркиш ерлајнс, со летовите што ги започна, на патниците кои патуваат кон Њујорк ќе им обезбеди алтернативна линија за превоз преку Њуарк, најголемиот град на државата Њу Џерси и според својата локација, еден од најблиските градови до Њујорк Сити.

Патниците до Њуарк ќе можат да патуваат со цени кои започнуваат од 655 долари, вклучително сите даноци и со повратна карта.



Слични вести