Раст на извозот на патничките возила на Турција за 20 насто

Патничките автомобили во првите 4 месеци од годината биле продадени во повеќе од 90 земји, автономни области и слободни зони

1638906
Раст на извозот на патничките возила на Турција за 20 насто

Извозот на патнички автомобили од страна на Турција во периодот јануари-април оваа година се зголеми за приближно 20 насто  во споредба со истиот период во 2020 година.

Според компилацијата направена од податоците на Здружението на извозници на автомобилска индустрија Улудаг, патничките автомобили во првите 4 месеци од годината биле продадени во повеќе од 90 земји, автономни области и слободни зони.

Учеството на извозот на патнички автомобили во овој период изнесува 35,8 насто од севкупниот извоз на автомобилската индустрија и беше остварена продажба во странство во износ од 10 милијарди 153 милиони 309 илјади долари.

Извозот на патнички автомобил во периодот јануари-април минатата година изнесуваше 3 милијарди 37 милиони 301 илјади долари и се искачи на 3 милијарди 632 милиони 794 илјади долари во истиот период од оваа година.

Повеќе од половина од извозот на патнички автомобили во периодот јануари-април беше остварен во Франција, Италија, Германија, Шпанија и Велика Британија.



Слични вести