Турција за 8 месеци од извозот на лешници заработи приходи од приближно 1,5 милијарди долари

Турција во периодот 1 септември 2020 година-30 април 2021 година, за 8 месеци од извозот на 208.779 тони лешници заработи приходи од приближно 1 милијарда 472 милиони 139 илјади 388 долари

1633524
Турција за 8 месеци од извозот на лешници заработи приходи од приближно 1,5 милијарди долари

Турција од извозот на 208.779 тони лешници во извозната сезона којашто започна во септември 2020 година, за 8 месеци заработи приходи во износ од 1,5 милијарди долари.

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на Извозниците на лешници и производи од лешници на Црноморската област (KFMİB) Илјас Едип Севинч во објавено писмено соопштение истакна дека во периодот 1 септември 2020-30 април 2021 година е остварен извоз на 208.779 тони лешници.

Севинч рече дека од тој извоз се заработени приходи во износ од 1 милијарда 472 милиони 139 илјади 388 долари.

 



Слични вести