Туркиш ерлајнс го оствари првиот лет за Ванкувер

Туркиш ерлајнс лета на вкупно 319 национални и меѓународни дестинации.

1632607
Туркиш ерлајнс го оствари првиот лет за Ванкувер

Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (ТХЈ) го оствари својот прв лет за Ванкувер, Канада.

Летовите на Туркиш ерлајнс до третата точка на летање во Канада по Торонто и Монтреал започнаа со слетување на авионот TK075 на меѓународниот аеродром во Ванкувер.

Авионот на Туркиш ерлајнс и 167 патници, кои слетаа во 16:17 часот по локално време беа пречекани од страна на генералниот конзул на РТ во Ванкувер Мехмет Тајлан Токмак и менаџерот на Туркиш ерлајнс во Торонто Зафер Билукбаши.

За разлика од претходните први летови, не беше одржана церемонијата за пречек на летот за Ванкувер, поради новиот вид на појава на коронавирус (Ковид-19).

Зголемувајќи ги своите летни дестинации на 15 во Северна Америка со Ванкувер, Туркиш ерлајнс лета на вкупно 319 национални и меѓународни дестинации.



Слични вести