Пофалби од претседателката на ЕБОР на турската енономија

Нашето очекување (во 2021 година) е да оствариме инвестиција од околу 1 до 1,5 милијарди евра на исто ниво во Турција

1633084
Пофалби од претседателката на ЕБОР на турската енономија

Претседателка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо рече дека економијата на Турција е динамична и отпорна.

Рено-Басо, во изјавата за агенцијата „Анадолија“ рече дека ќе оствари виртуелна посета на Турција одржувајќи средби со претставниците на власта и директори на компанијата преку интернет.

Потсетувајќи дека ја одбележуваат 30-та годишнина од постоењето на ЕБОР, Рено-Басо истакна дека Турција има најголем удел во инвестициското портфолио на ЕБОР.

Рено-Басо потенцираше:

„Турција е земја каде што имаме најголема активност. Инвестиравме 1,7 милијарди евра во Турција во 2020 година. Од денот кога ги започнавме нашите активности во Турција, досега инвестиравме 13 милијарди евра. Ова е огромна инвестиција“.

Наведувајќи дека 94 отсто од нивните инвестиции во Турција се во приватниот сектор, Рено-Басо додаде:

„Нашето очекување (во 2021 година) е да оствариме инвестиција од околу 1 до 1,5 милијарди евра на исто ниво во Турција. Се надеваме дека ќе продолжиме со нашата силна активност“.

Нагласувајќи дека Турција е еден од важните партнери на ЕБОР, Одил Рено-Басо истакна:

„Најохрабрувачкото нешто за нас е што приватниот сектор во Турција е исклучително динамичен“.

Подвлекувајќи ја динамиката и отпорноста на турската економија, Рено-Басо рече дека турската економија е економија што може да одолее на новиот тип на епидемија на коронавирус (Ковид-19).



Слични вести