Автомобилската индустрија со најголем извоз во април во износ од 2 милијарди 465 милиони долари

Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) соопшти дека најголемиот раст во извозот во месец април 2021 година со 313,5 отсто е остварен во автомобилската индустрија и тоа во износ од 2 милијарди 465 милиони 647 илјади долари

1633163
Автомобилската индустрија со најголем извоз во април во износ од 2 милијарди 465 милиони долари

Автомобилската индустрија стана сектор со најголем остварен извоз во месец април 2021 година во износ од 2 милијарди 465 милиони 647 илјади долари.

Според податоците на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), најголемиот раст во извозот во месец април 2021 година со 313,5 отсто е остварен во автомобилската индустрија.

Во индустриската група од која минатиот месец е остварен 75,5 отсто од вкупниот извоз на Турција, во месец април оваа (2021) година во споредба со истиот месец минатата (2020) година со раст од 127,4 отсто е остварен извоз од 14 милијарди 173 милиони 705 илјади долари.

Три земји во кои е остварен најголем извоз од Турција во месец април 2021 година се Германија, со 1 милијарда 654 милиони долари, Соединетите Американски Држави (САД) 1 милијарда 182 милиони долари и Обединетото Кралство 1 милијарда 033 милиони долари.

 



Слични вести