Турција, адреса за одмор за туристите од Украина

Во Мугла допатува првата туристичка група од Украина составена од 350 лица кои својот одмор во текот на две недели ќе го поминат во хотелите во Фетхије и Мармарис

1632309
Турција, адреса за одмор за туристите од Украина

Туристичките постројки кои ги завршија подготовките во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и почнаа да пружаат услуга во Мугла, ги пречекуваат туристите од Украина. 

Во познатиот туристички центар Мугла кадешто во процесот на Ковид-19 се преземаат сите видови мерки, нема отстапки и од мерките во туристичките постројки.

Посетителите кои доаѓаат да го поминат својот одмор во хотелите и плажите со сини знаме, постапуваат согласно преземените мерки и правила меѓу кои се наоѓа и зачувувањето на физичкото растојание при влегување во морето и базените и местата за сончање.

Првата туристичка група од Украина составена од 350 лица кои на 28 април пристигнаа со авион во Мугла, својот одмор ќе го поминат во текот на две недели во хотелите во Фетхије и во Мармарис.



Слични вести