Турција во 2020 година оствари извоз на цреши во износ од 223,7 милиони долари

Извозот на цреши од Турција минатата (2020) година во споредба со претходната (2019) година со раст од 21,7 отсто од 183 милиони 835 илјади долари се зголеми на 223 милиони 709 илјади долари

1631524
Турција во 2020 година оствари извоз на цреши во износ од 223,7 милиони долари

Минатата година од Турција беше остварен извоз на цреши во 62 земји низ светот.

Според податоците на Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), минатата (2020) година продолжи да расте ѝ производството ѝ извозот на цреши во земјата.

Кога ќе се погледне кон бројките на производство на цреши во последните 5 години, производството на цреши коешто во 2016 година изнесуваше 599.650 тони минатата (2020) година во споредба со 2016 година со раст од 20,9 отсто достигна до 724.944 тони.

Минатата (2020) година најмногу цреши 108.495 тони беа произведени во градот Измир, а потоа следуваат градот Конја со 64.86 тони, градот Бурса со 55.652 тони и градот Маниса со 50.934 тони. 

Извозот на цреши пак, минатата (2020) година во споредба со претходната (2019) година со раст од 21,7 отсто од 183 милиони 835 илјади долари се зголеми на 223 милиони 709 илјади долари.

Во 2020 година од Турција во 62 земји низ светот е остварез извоз на 87.253 тони цреши.

Најголемиот извоз меѓу тие земји е остварен во Германија со 90 милиони 641 илјада долари. По оваа земја редум следуваат Русија со 51 милион 776 илјади долари и Австрија со 13 милиони 638 илјади долари.



Слични вести