Туркиш ерлајнс ќе лета за уште два града во Узбекистан

Агенцијата за цивилно воздухопловство при Министерството за транспорт на Узбекистан даде дозвола за летовите на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“

1625285
Туркиш ерлајнс ќе лета за уште два града во Узбекистан

Агенцијата за цивилно воздухопловство при Министерството за транспорт на Узбекистан даде дозвола за летовите на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ за Иргенч и Фергана преку Истанбул.

Во соопштението кое беше објавено од Министерството, беше потсетено дека Туркиш ерлајнс во моментов организира летови кон Ташкент и Самарканд.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој минатиот месец престојуваше во посета на Узбекистан, изјави дека со узбекистанската страна разговарале и за зголемувањето на бројот на летовите меѓу двете земји.



Слични вести