Руските туристи и покрај ограничувањата на нивната земја се решени за одмор во Турција

Претседателката на Асоцијацијата на тур операторите на Русија (АТОР) Маја Ломидзе истакна дека и покрај ограничувањата на нивната земја руските туристи се решени својот одмор да го поминат во Турција

1624626
Руските туристи и покрај ограничувањата на нивната земја се решени за одмор во Турција

Претседателката на Асоцијацијата на тур операторите на Русија (АТОР) Маја Ломидзе на одржаниот состанок на Советот на Руската Федерација даде изјави во врска со туристичкиот сектор во земјата.

Велејќи дека реализирале истражување во врска со тур операторите, Ломидзе истакна дека поголемиот дел од руските туристи кои поради стопирањето на летовите од Русија во април и во мај не ќе можат да дојдат на одмор во Турција, не ја промениле својата дестинација и дека руските туристи се одлучни за одмор во Турција.

Маја Ломидзе рече: „Според сегашната моментална слика, приближно 15 отсто од руските туристи прават резервации наново во руските туристички одморалишта, приближно 18-20 отсто прават нови резервации за други дестинации на чело со Куба. Останатите 60 отсто пак, чекаат да одат во Турција на други датуми, се надеваат дека ќе отидат.“

Појаснувајќи дека Русите за периодот април-мај купија 500 илјади резервации за одмор во Турција, Маја Ломидзе додаде дека засега дополнителниот товар во внатрешните домашни дестинации во Русија изнесува 50-60 илјади лица.

Инску, заменичката руска премиерка Татјана Голикова во дадената изјава на 12 април соопшти дека е донесена одлука за ограничување на нормалните редовни и чартер летовите помеѓу Турција и Русија, во периодот 15 април-1 јуни.

 



Слични вести