Турција во последните 14 месеци пречека над 17 милиони туристи

Според сумираните податоци од туристичките статистики на Министерството за култура и туризам, Турција минатата (2020) година и во првите два месеци од оваа (2021) година пречека вкупно 17 милиони 018 илјади 964 туристи

1624244
Турција во последните 14 месеци пречека над 17 милиони туристи

Турција минатата (2020) година и во првите два месеци од оваа (2021) година пречека вкупно 17 милиони 018 илјади 964 туристи.

Според сумираните податоци од туристичките статистики на Министерството за култура и туризам, бројот на странските туристи кои ја посетија Турција во 2020 година изнесува 15 милиони 971 илјада 201 лице.

Од овие посетители 12,7 милиони се странски туристи, а 3,2 милиони туристи „граѓани со престој во странство“.

Според статистичките податоци за влезови-излези, Турција во јануари 2021 година пречека 509.787, а во февруари 2021 година 537.976 странски посетители.

Земја која испрати најголем број посетители во Турција е Русија со 2 милиони 128 илјади 758 лица.

По Русија следуваат Бугарија со 1 милион 242 илјади 961 лице и Германија со 1 милион 118 илјади 932 лица.

По Германија пак, редум следуваат Украина, Англија, Грузија, Ирак, Иран, Франција и Холандија.

 



Слични вести