Турција во првите три месеци од годината од извозот на риба хамси заработи 2,8 милиони долари

Турција во првите три месеци од годината, во периодот јануари-март оствари извоз на 558 тони риба хамси во 23 земји и од овој извоз заработи приходи во износ од 2 милиони 852 илјади 503 долари

1622187
Турција во првите три месеци од годината од извозот на риба хамси заработи 2,8 милиони долари

Во првите три месеци од годината од Турција е остварен извоз на риба хамси во 23 земји и од овој извоз се заработени приходи во износ од 2 милиони 852 илјади 503 долари.

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од Источноцрноморската област (DKİB), во периодот јануари-март 2021 година е остварен извоз на 558 тони риба хамси. 

Од овој извоз се заработени приходи од 2 милиони 852 илјади 503 долари. 

На тој начин извозот на риба хамси во споредба со истиот тримесечен период (јануари-март) минатата година, на вредносна база оствари раст од 15 отсто.

Турција во овој период им продаде риба хамси на 23 земји во светот, а на првите три места се наоѓаат Франција, Белгија и Соединетите Американски Држави (САД).

 



Слични вести