Раст на индексот на индустриското производство на Турција во февруари 2021 година

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека индексот на индустриското производство во февруари на месечна база оствари раст од 0,1 отсто, а на годишна база раст од 8,8 отсто

1620434
Раст на индексот на индустриското производство на Турција во февруари 2021 година

Индексот на индустриското производство во месец февруари (2021) на месечна база оствари раст од 0,1 отсто, а на годишна база раст од 8,8 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите на индексот на индустриско производство во врска со месец февруари 2021 година.

Според тоа, индексот на календарски прилагоденото индустриско производство во месец февруари, во споредба со истиот месец минатата година се зголеми за 8,8 отсто. На календарски неприлагоденото производство на, годишна база забележа раст од 5,71 отсто.

Кога ќе се анализираат подсекторите во индустријата, индексот во секторите на рударството и каменоломството во февруари во споредба со истиот месец минатата година забележа раст од 15,9 отсто.

Исто така и во индексот на неприлагоденото индустриско производство на годишна база е остварен раст од 9,3 отсто.

Сезонски и календарски прилагоденото индустриско производство пак, во месец февруари во споредба со претходниот месец јануари оствари раст од 0,1 отсто.

Од друга страна, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк на својот профил на социјалната мрежа Твитер исто така направи проценка на податоците на индексот на индустриското производство за месец февруари 2021 година.

Министерот Варанк напиша: „Продолжува трендот на раст во индустриското производство. Станавме една од земјите на Г-20 кои најмногу го зголемија своето годишно индустриско производство во февруари.“



Слични вести