Извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција за 3 месеци достигна 774,5 милиони долари

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозниците на свежо овошје и зеленчук од Средоземнорската област Неждат Син соопшти дека извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција во јануари-март со раст од 22 отсто достигна до 774,5 милиони долари

1620296
Извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција за 3 месеци достигна 774,5 милиони долари

Извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција во првиот квартал на 2021 година јануари-март, за 3 месеци, со раст од 22 отсто достигна до  774,5 милиони долари.

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозниците на свежо овошје и зеленчук од Средоземнорската област Неждат Син во објавеното писмено соопштение направи проценка на извозот на секторот во Турција во периодот јануари-март 2021 година.

Велејќи дека извозот на Турција во наведениот период се зголеми во споредба со истиот период минатата (2020) година, Син рече: „Извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција во првиот квартал на годината, во споредба со истиот период минатата година со раст од 22 отсто достигна до 774,5 милиони долари. Во овие наши постигнати успеси стануваат влијателни наите работи коишто ги водиме со заеднички ум во име на остварување на одржливо продуктивно, квалитетно и доверливо производство.“

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозниците на свежо овошје и зеленчук од Средоземнорската област Неждат Син, даде информации за извозот и на база на земји: „Најголемиот извоз во првиот квартал на годината со раст од 14 отсто и 228,9 милиони долари го остваривме во Русија. По оваа земја следува Ирак со раст од 90 отсто и 76 милиони долари, а потоа Романија со раст од 17 отсто и 69,2 милиони долари. Во истиот период, земји во кои постигнавме најголем раст во извозот се Сирија со раст од 364 отсто и 22,7 милиони долари, Либија раст од 156 отсто и 6 милиони долари и Австрија со раст од 112 отсто и 7,3 милиони долари. Исто така, постигнавме значително зголемување и на пазарите во Индија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Германија “.

 



Слични вести