Турција земја со најголем раст на својот капацитет на геотермална енергија

Турција стана земја која го зголеми најмногу својот капацитет на геотермална енергија во светот во 2020 година

1616427
Турција земја со најголем раст на својот капацитет на геотермална енергија

Турција стана земја која и покрај епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го зголеми најмногу својот капацитет на геотермална енергија.

Според извештајот „Статистички податоци за капацитетот на обновлива енергија 2021“ подготвен од страна на Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA), инсталираната моќ во геотермалната енергија во светот заклучно со крајот на минатата (2020) година достигна до 14.050 мегавати.

Во овој период земја со најголем капацитет на геотермална енергија се Соединетите Американски Држави (САД) со инсталирана моќ од 2.587 мегавати.

По САД, следуваат Индонезија со инсталирана моќ од 2.231 мегават, Филипините 1.928 мегавати и Турција со инсталирана моќ од 1.613 мегавати.

И покрај неизвесноста и проблемите во синџирот на производство во економиите предизвикани од пандемијата на Ковид-19 минатата година, Турција со дополнителна моќ од 99 мегавати стана земја со најголем раст на капацитетот во сферата на геотермалната енергија.

По Турција, земји со најголем раст на капацитетот во геотермалната енергија се Нов Зеланд и САД со дополнителна моќ од 32 мегавати и Италија со 30 мегавати.

 



Слични вести