Истанбулскиот Аеродром на лидерска позиција во Европа во март со реализирани 17.407 летови

Според извештајот на ЕУРОКОНТРОЛ, Истанбулскиот Аеродром се наоѓа на лидерската позиција во Европа во месец март со реализирани 17.407 летови

1615829
Истанбулскиот Аеродром на лидерска позиција во Европа во март со реализирани 17.407 летови

Истанбулскиот Аеродром со реализирани 17.407 летови во месец март ги остави зад себе своите европски ривали.

Според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за воздушен сообраќај во периодот 01-31 март, од Истанбулскиот Аеродром се остварени 17.407 летови. 

По Истанбулскиот Аеродром кој стана аеродром со најголем број летови во Европа во месец март, на второ место се наоѓа аеродромот „Шарл се Гол“ во Париз (Франција) со остварени 14.186 летови.

На трето место на списокот е Аеродромот во Франкфурт (Германија) со 13.708 летови, на четврто место аеродромот „Схипол“ во Амстердам (Холандија) со 12.874 летови, на пето место аеродромот „Барахас“ во Мадрид (Шпанија) со 11.407 летови.

Во меѓувреме, во објавеното соопштение на профилот на „İstanbul Grand Airport“ (İGA) на социјалната медија, по прашањето се вели следното: „Во месец март сме лидер во Европа. Според податоците на ЕУРОКОНТРОЛ за 01-31 март, оставајќи ги зад нас сите аеродроми станавме аеродром од кој се остварени најголем број летови во Европа. За многу безбедни летови. Истанбулски Аеродром.“

 



Слични вести