Туркиш Ерлајнс ја продолжува лидерската позиција во Европа со дневно остварени 797 летови

Според извештајот на ЕУРОКОНТРОЛ, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени по просечно 797 летови ја продолжи лидерската позиција во Европа и во неделата 29 март-4 април

1614956
Туркиш Ерлајнс ја продолжува лидерската позиција во Европа со дневно остварени 797 летови

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ја зачува лидерската позиција во Европа со дневно остварени по просечно 797 летови.

Според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за сообраќајот на летови во неделата 29 март-4 април Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени по просечно 797 летови ги остави зад себе своите европски ривали и ја продолжи лидерската позиција во Европа.

По Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), на второ место се наоѓа авиокомпанијата „Луфтханза“ со остварени дневно по просечно 382 летови, на трето место е „Ер Франс“ со 380 летови, на четврто место „Рајанер“ со 312 летови, на пето место „Пегасус“ со 297 летови, а на шесто место „КЛМ Ројал Ерлајн“ со 272 летови.

Во извештајот се истакнува дека во неделата 29 март-4 април се реализирани вкупно 76.477 летови и воздушниот сообраќај е зголемен за 3,5 отсто.



Слични вести