Повик од министерката за трговија Рухсар Пекџан за соработка меѓу земјите од „Д-8“

Министерката за трговија Рухсар Пекџан во говорот што го одржа на Деловниот форум на земјите од Групата „Д-8“ во виртуелна средина, во рамките на 10. Самит на Д-8 во Дака, упати повик за соработка до земјите од „Д-8“

1615196
Повик од министерката за трговија Рухсар Пекџан за соработка меѓу земјите од „Д-8“

Министерката за трговија Рухсар Пекџан учествуваше на Деловниот форум на земјите од Групата „Д-8“ што се одржа преку интернет во виртуелна средина, во рамките на 10. Самит на Д-8 во Дака.

Министерката Пекџан во говорот што го одржа овде истакна дека земјите од Д-8 (Турција, Бангладеш, Египет, Индонезија, Иран, Малезија, Нигерија и Пакистан) треба да соработуваат во клучни сфери како што се дигиталната економија, дигитализацијата и е-трговијата (електронската трговија).

„Ние како Турција сме спремни да реализираме заеднички активности со Д-8 во овие видови иновативни сфери.“ - рече Пекџан. 

Појаснувајќи дека Турција е свесна за економската синергија што ќе ја развие заедно со овие братски земји со нивните заеднички економски, историски, социјални и културни карактеристики, Пекџан истакна дека тоа што Турција се наоѓа во Д-8 и во оваа Организација за економска соработка е показател за значењето коешто му се придава на создавањето на оваа економска синергија. 

„Од поголемо витално значење од било кога досега е земјите да делуваат во усогласеност и да ги собираат своите извори во еден базен, пред негативните влијанија на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Ги поддржуваме иницијативите за распределување на вакцините на најповолен начин со секоја земја, без правење на било каков исклучок.“ - рече министерката за трговија Рухсар Пекџан. 

 



Слични вести