Турција во јануари-март во своите соседни земји оствари извоз од 4,3 милијарди долари

Турција во првиот квартал од годината (во периодот јануари-март) во своите соседни земји оствари извоз во износ од 4 милијарди 327 милиони долари

1614520
Турција во јануари-март во своите соседни земји оствари извоз од 4,3 милијарди долари

Турција, во првиот квартал од годината за три месеци (во периодот јануари-март) во своите соседни земји Иран, Грција, Ирак, Сирија и Бугарија оствари извоз во износ од 4 милијарди 327 милиони 858 илјади долари.

Според сумираните податоци од Министерството за трговија и Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), Турција во првиот квартал од годината реализира надворешна продажба во износ 50 милијарди долари.

Тоа претставува „најдобар перформанс на извоз во првиот квартал“.

Извозот во наведените земји во периодот јануари-март во споредба со истиот период минатата (2020) година забележа раст од 21 отсто.

Најголемиот извоз во тримесечниот период меѓу соседните земји во износ од 1 милијарда 875 милиони 111 илјади долари е остварен во Ирак.

По оваа земја следуваат Бугарија со 766 милиони 300 илјади долари, Грција со 589 милиони 026 илјади долари, Иран 481 милион долари и Сирија со 324 милиони 536 илјади долари.

Во Грузија пак, е остварена надворешна продажба во износ од 291 милион 884 илјади долари.

Кога ќе се разгледа распределбата според секторите во коишто е остварен извоз од Турција во соседните земји за три месеци, се гледа дека на прво место се наоѓа секторот на „хемиски материи и нивни производи“.

 



Слични вести