Раст од 60 отсто на пазарот на автомобили на Турција во првиот квартал на 2021 година

Пазарот на автомобили и лесни комерцијални возила на Турција во првите 3 месеци од годината во споредба со истиот период минатата (2020) година со раст од 59,7 отсто изнесува 198.660 возила, од кои 156.464 автомобили и 42.196 лесни комерцијални возила

1613673
Раст од 60 отсто на пазарот на автомобили на Турција во првиот квартал на 2021 година

Пазарот на автомобили и лесни комерцијални возила на Турција во првиот квартал на годината во споредба со истиот период минатата (2020) година забележа раст од 59,7 отсто.

Здружението на дистрибутерите на автомобили (ODD) го објави извештајот за проценка на пазарот на автомобили и лесни комерцијални возила во врска со периодот јануари-март и месец март.

Според тоа, пазарот на автомобили и лесни комерцијални возила на Турција во првите 3 месеци од годината во споредба со истиот период минатата (2020) година со раст од 59,7 отсто изнесува 198.660 возила.

Продажбата само на автомобили пак, со раст од 57 отсто изнесува 156.464, додека пазарот на лесни комерцијални возила со раст од 70,3 отсто достигна до 42.196 возила. 

Пазарот на автомобили и лесни комерцијални возила во месец март, во споредба со истиот месец минатата година со раст од 92,8 отсто достигна до 96.428 возила. 

Продажбата на автомобили  со раст од 91,4 отсто се зголеми на 76.357, додека пазарот на лесни комерцијални возила со раст од 98,3 отсто изнесува 20.071 возило.



Слични вести