Завршени 95 отсто од изградбата на проектот „Северен тек 2“

Со проектот се планира 55 милијарди кубни метри руски гас годишно преку Балтичкото Море да се испорачуваат во Германија

1613002
Завршени 95 отсто од изградбата на проектот „Северен тек 2“

Завршени 95 отсто од гасоводниот проект „Северен поток 2“.

Во соопштението кое беше објавено од страна на извршната компанија „Nord Stream 2 AG“ во врска со проектот Северен тек 2 беше истакнато изградбата на трасата во рамките на проектот продолжува во германските и данските територијални води.

Во соопштението беше подвлечено дека останаа уште 121 километар во изградбата на гасоводот.

„Завршија активностите за поставување цевки од 2 илјади 339 километри, што одговара на 95 отсто од проектот“ беше наведено во соопштението.

Со проектот „Северен тек 2“, кој се очекува да чини околу 10 милијарди евра, се планира 55 милијарди кубни метри руски гас годишно преку Балтичкото Море да се испорачуваат во Германија.

Меѓу партнерите на проектот, на чија изградба се противеа САД, Украина, Полска и балтичките земји, освен сопственикот на проектот „Гаспром“ се наоѓаат и компаниите како то се „Шел“, „ОМВ“, „Енџи“, „Унипер“ и „Винтершал“.



Слични вести