Министерот Варанк рече дека продолжува силниот тренд на побарувачката на инвестиции

Бројот на издадени сертификати за стимулирање на инвестициите во февруари се зголеми за 41,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година

1612933
Министерот Варанк рече дека продолжува силниот тренд на побарувачката на инвестиции

 

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк изјави дека продолжува силниот тренд на побарувачката на инвестиции.

Варанк на својот профил на Твитер сподели објава во врска со сертификатите за стимулација на инвестициите издадени во февруари.

Во постот „Продолжува силниот тренд во побарувачката на инвестиции“ Варанк изјави дека бројот на издадени сертификати за стимулирање на инвестициите во февруари се зголемил за 41,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година и достигна 943, предвиденото дополнително вработување се зголемило за 23,9 отсто односно за 26 илјади 886 и фиксниот инвестициски износ се зголемил за 2,3 отсто односно на 15,6 милијарди турски лири.

Според инфографикот споделен од министерот Варанк, 74 отсто од инвестициите со стимулативни сертификати во февруари биле во производството, 11 отсто во услугите, 9 отсто во рударскиот сектор, додека секторите енергетика и земјоделство добиле по 3 отсто од инвестициите што треба да се реализираат.



Слични вести