Министерката за трговија Пекџан: Остварен највисокиот извоз во месец март на сите времиња

Министерката за трговија Рухсар Пекџан истакна дека извозот во март годинава во споредба со истиот месец минатата година со раст од 42,2 отсто се зголеми на 18 милијарди 985 милиони долари и достигна до највисока бројка на извоз во март на сите времиња

1612926
Министерката за трговија Пекџан: Остварен највисокиот извоз во месец март на сите времиња

Извозот на Турција во март годинава во споредба со истиот месец минатата (2020) година со раст од 42,2 отсто се зголеми на 18 милијарди 985 милиони долари и достигна до највисока бројка на извоз во март на сите времиња.

Министерката за трговија Рухсар Пекџан на одржаната прес-конференција со претседателот на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) Исмаил Ѓулле во Министерството за трговија, ги соопшти податоците за надворешната трговија за месец март.

Истакнувајќи дека извозот во март годинава во споредба со истиот месец минатата (2020) година со раст од 42,2 отсто се зголеми на 18 милијарди 985 милиони долари и достигна до највисока бројка на извоз во март на сите времиња, министерката Пекџан рече: „И покрај глобалните тешкотии како што е епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), ние како земја ќе продолжиме да напредуваме без застанување во правец на нашите цели за висок раст и извоз со додадена вредност.“



Слични вести