Министерката Рухсар Пекџан во посета на Баку: На Турција и Азербејџан им доликува Договор за слободна трговија

Министерката за трговија Рухсар Пекџан која престојува во посета на Баку истакна дека на Турција и Азербејџан им доликува Договор за слободна трговија во правец на принципот единствен/заеднички пазар

1613122
Министерката Рухсар Пекџан во посета на Баку: На Турција и Азербејџан им доликува Договор за слободна трговија

Министерката за трговија Рухсар Пекџан во главниот град на Азербејџан, Баку кадешто отпатува на средби и разговори се состана со азербејџанскиот министер за економија Микаил Џаббаров, министерот за транспорт, комуникација и високи технологии Решат Небиев и со претседателот на Комитетот за државни царини Сефер Мехдиев.

Министерката Пекџан во говорот што го одржа на состанокот истакна дека ќе продолжи да се работи за развивање на трговските и економските односи помеѓу двете земји, а воедно појасни дека на Турција и Азербејџан им доликува Договор за слободна трговија во правец на принципот единствен/заеднички пазар.

Министерката Пекџан потсети дека помеѓу двете земји е ставен во примена Договорот за преференцијална трговија и рече: „На Турција и Азербејџан им доликува Договор за слободна трговија во правец на принципот единствен/заеднички пазар. Нашата цел треба да биде Договор за слободна трговија.“

Нагласувајќи дека инвестирањата се крајно значајни во односите помеѓу двете земји, Пекџан рече: „Ние сме спремни за секој вид соработка во инфраструктурните и супраструктурните работи во областите ослободени од окупација коишто Ерменија ги разруши пред да ги наушти.“

Министерката за трговија Рухсар Пекџан, во рамките на своите средби и разговори утре ќе биде примена кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, премиерот Али Асадов, претседателката на Националното Собрание Сахиба Гафарова, а воедно ќе учествува на состанокот на тркалезната маса со бизнисмените и претседателите на граѓанските организации, како и на церемонијата на потпишување на записникот за разбирање за е-трговија помеѓу Турција и Азербејџан.

 



Слични вести