Раст на извозот на црнорморски лосос од Турција

Во првите два месеци од годината е остварен раст во извозот на црнорморски лосос од Турција, а земји во кои е остварена најголема продажба се Русија, Германија и Виетнам

1608396
Раст на извозот на црнорморски лосос од Турција

Во првите два месеци од годината од Турција се продадени 7.376 тони црнорморски лосос.

Според податоците на Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (DKİB), во јануари-февруари 2020 година за два месеци беше остварен извоз на 4.195 тони црнорморски лосос и беа заработени девизни приходи во износ од 22 милиони 494 илјади долари. 

Во оваа година (2021) во јануари-февруари за два месеци пак, во извозот на црнорморски лосос на количинска база е остварен раст од 76 отсто, а на вредносна база раст од 63 отсто.

Земји во кои е остварена најголема продажба на црнорморски лосос редум се Русија, Германија и Виетнам.

 



Слични вести