Раст на индексот на доверба на потрошувачите во Турција во месец март 2021 година

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека индексот на доверба на потрошувачите во Турција во месец март 2021 година на месечна база оствари раст од 2,5 отсто и се зголеми на 86,7 отсто

1607473
Раст на индексот на доверба на потрошувачите во Турција во месец март 2021 година

Индексот на доверба на потрошувачите во Турција во март 2021 година на месечна база оствари раст од 2,5 отсто и се зголеми на 86,7 отсто. 

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) го соопшти индексот на доверба за месец март 2021 година.

Според тоа, индексот на доверба на потрошувачите во март во споредба со претходниот месец (февруари) оствари раст од 2,5 отсто. Индексот којшто во февруари изнесуваше 84,5 отсто, во март се зголеми на 86,7 отсто.

Во овој период во споредба со изминатиот период од 12 месеци индексот на материјалната состојба на домаќинството во февруари изнесуваше 66,3 отсто, додека во март со раст од 1,4 отсто изнесува 67,3 отсто. 

Индексот на очекување на материјалната состојба на домаќинството во врска со идниот 12 месечен период во февруари изнесуваше 84,5 отсто, додека во март со раст од 4 отсто се зголеми на 87,9 отсто.

Индексот на очекување на општата економска состојба во месец февруари во врска со наредниот 12 месечен период изнесуваше 91, 7 отсто, додека во март со раст од 2,5 отсто изнесува 94,1 отсто.

Индексот на мислење за трошење за трајните производи за потрошувачка во наредниот 12 месечен период во споредба со изминатиот 12 месечен период во февруари изнесуваше 95,5 отсто, додека во март со раст од 2 отсто се зголеми на 97,4 отсто.

 



Слични вести