Одреден календарот на економските реформи

Акциониот план се состои од 10 главни активности под 10 наслови

1607515
Одреден календарот на економските реформи

Одреден  патоказот на релевантните министерства и институции во врска со акциониот план за економски реформи, објавен од претседателот Реџеп Таип Ердоган на 12 март чија цел е раст на економијата врз основа на инвестиции, производство, вработување и извоз.

Министерот за трезор и финансии Лутфи Елван, во објавата на својот профил на Твитер, истакна: „Ние го завршивме календарот на нашите економски реформи. До него имате пристап преку веб-страницата на нашето Министерство. Аирлија нека е“.

Акциониот план се состоеше од 10 главни активности под 10 наслови: Јавни финансии, стабилност на цените, финансиски сектор, дефицит на тековната сметка, вработување, корпоративно управување, поттикнување на инвестиции, олеснување на домашната трговија, конкуренција, надзор на пазарот и инспекција.

Според календарот, до крајот на годината ќе завршат активностите во врска со подготвувањето на  законот, со кој се дава даночно ослободување на 850 илјади занаетчии.

До 30 јуни ќе се воспостави регулатива со што ќе се ограничат трошоците за набавка на возилата во јавниот сектор.

Исто така, ќе биде завршена студијата, која ги вклучува младите под 18 годишна возраст во индивидуалниот пензиски систем.

Исто така до 30 јуни ќе се формира Комитетот за стабилност на цените.

Централната банка до крајот на годината ќе ја заврши економската, технолошката и правната инфраструктура на дигиталните пари.

Според наведениот календар, сите активности во Економскиот пакет реформи ќе бидат завршени до март 2023 година.



Слични вести