Средба на министерката за трговија Рухсар Пекџан со еврокомесарот за економија Паоло Џентилони

Министерката за трговија Рухсар Пекџан оствари онлајн состанок со еврокомесарот за економија Паоло Џентилони

1606684
Средба на министерката за трговија Рухсар Пекџан со еврокомесарот за економија Паоло Џентилони
ruhsar pekcan.jpg
Ruhsar Pekcan-Paolo Gentiloni.jpg

Министерката за трговија Рухсар Пекџан се состана со еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.

Министерката Пекџан во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека со еврокомесарот за економија Паоло Џентилони остварија значаен онлајн состанок пред Самитот на Европската унија (ЕУ).

Рухсар Пекџан информира дека на средбата направија проценка на билатералните економски и трговски односи, позитивната агенда на Турција и Европската унија (ЕУ) и, ажурурсњето на Царинската унија, зелениот договор и прашања посветени на царинската соработка.

„Со господинот Џентилони постигнавме согласност за продолжување на унапредувањето на соработката во врска со дигитализацијата на царинските постапки и обостраното признавање на овластените обврски, како и за воспоставување на поблизок дијалог. Благодарам за оваа продуктивна средба.“

 



Слични вести