Туркиш Ерлајнс го продолжува водството со најголем број летови дневно во Европа

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени по просечно 670 летови ја продолжи лидерската позиција во Европа и во неделата 15-21 март

1606087
Туркиш Ерлајнс го продолжува водството со најголем број летови дневно во Европа

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени по просечно 670 летови го продолжи своето водство во Европа и во неделата 15-21 март.

Според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за сообраќајот на летови во неделата 15-21 март, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени по просечно 670 летови ги остави зад себе своите европски ривали и ја продолжува лидерската позиција во Европа.

По Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), на второ место се наоѓа „Ер Франс“ со дневно остварени по просечно 362 летови. На трето место е авиокомпанијата „Пегасус“ со 285 летови, на четврто место „Луфтханза“ со 273 летови, на пето „Видерое“ со 272 летови, на шесто место авиопревозникот „КЛМ Ројал Дач“ со дневно остварени по просечно 248 летови.

Во извештајот се истакнува дека во споредба со претходната недела е остварен раст во сите летови од 4 отсто.



Слични вести