Турција во јануари и февруари 2021 година им продаде мед на 27 земји во износ од 4,1 милион долари

Турција во првите два месеци од оваа (2021) година во јануари и февруари оствари извоз на мед во 27 земји во износ од 4 милиони 143 илјади 579 долари

1605504
Турција во јануари и февруари 2021 година им продаде мед на 27 земји во износ од 4,1 милион долари

Турција во првите два месеци од оваа (2021) година им придаде мед на 27 земји во светот во износ од 4, 1 милион долари.

Според податоците на Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (DKİB), во јануари и февруари 2021 година им е продаден 1.039 тони мед на 27 земји и од овој извоз се заработени приходи во износ од 4 милиони 143 илјади 579 долари.

Најголем извоз на мед од Турција е остварен во Германија во износ од 1 милион 304 илјади 114 долари, во Соединетите Американски Држави (САД) 1 милион 148 илјади 989 долари и во Кувајт 215 илјади 537 долари.

Од Источноцрно-морската област во јануари и февруари 2021 година е остварен извоз на мед во вкупен износ од 316 илјади 277 долари во земји како што се Германија, Обединетото Кралство, Бахреин, Пакистан, Народна Република Кина, Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Извозот на мед од областа од кој во истиот период јануари-февруари минатата (2020) година беа заработени 181 милион 891 долари, во првите два месеци од оваа (2021) година е остварен раст од 74 отсто.

 



Слични вести