Турција најголемиот извоз на лешници во периодот септември 2020-февруари 2021 го оствари на Италија

Турција најголемиот извоз на лешници во периодот септември 2020-февруари 2021 го оствари на Италија и од продажбата на 37.060 тони лешници се заработени 278 милиони 632 илјади 501 долар

1604757
Турција најголемиот извоз на лешници во периодот септември 2020-февруари 2021 го оствари на Италија

Турција најголемиот извоз на лешници во периодот од шест месеци, септември 2020-февруари 2021, го оствари во Италија.

Од продажбата на 37.060 тони лешници на Италија се заработени 278 милиони 632 илјади 501 долар.

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците на лешници и производи од лешници од Црноморската област (KFMİB), во периодот од 6 месеци е остварен извоз на лешници во повеќе од 100 земји.

Турција во периодот 1 септември 2020-28 февруари 2021 од остварениот извоз на 159.439 тони лешници заработи приходи во износ од 1 милијарда 124 милиони 964 долари.

Во истиот период од шест месеци во сезоната 2019-2020 година беа продадени 219.960 тони лешници и од тоа беа заработени приходи од 1 милијарда 435 милиони 489 илјади 346 долари.

Земји во кои Турција оствари најголем извоз на лешници редум се Италија, Германија и Франција.

Од продажбата на 37.060 тони лешници на Италија се заработени 278 милиони 632 илјади 501 долар.

По оваа земја следуваат Германија со 35.450 тони лешници и заработка од 239 милиони 536 илјади 232 долари и Франција со 10. 230 тони лешници и 073 милиони 148 илјади 373 долари.

 



Слични вести