Извозот на наут на Турција во 2020 година се зголеми на 77,7 милиони долари

Според сумираните податоци од Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), благодарение на зголеманото производство на наут земјата е дојдена во положба на нето извозник

1604681
Извозот на наут на Турција во 2020 година се зголеми на 77,7 милиони долари

Извозот на наут на Турција во минатата (2020) година достигна до приближно 77,7 милиони долари.

Според сумираните податоци од Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), благодарение на зголеманото производство на наут земјата е дојдена во положба на нето извозник.

Во последните 5 години е остварен извоз на наут во износ од приближно 322 милиони 908 илјади долари.

Извозот на наут минатата (2020) година во споредба со претходната (2019) година се зголеми за 2 отсто и достигна до вкупно 77 милиони 761 илјада долари.

Во 2020 година е остварен извоз на 134 илјади тони наут од Турција во 121 земја во светот, додека најголемата надворешна продажба е остварена на Пакистан во износ од 14 милиони 643 илјади долари.

По оваа земја најмногу наут им е продаден на Италија и Германија.



Слични вести