Извозот на циструсно овошје на Турција за 5 месеци достигна до 813 милиони долари

Извозот на циструсно овошје на Турција за 5 месеци достигна до 1 милион 552 илјади тони од што се обезбедени нето девизни приходи во износ од 813 милиони долари

1603965
Извозот на циструсно овошје на Турција за 5 месеци достигна до 813 милиони долари

Извозот на циструсно овошје на Турција за 5 месеци со раст од 12 отсто достигна до 813 милиони долари.

Од цитрусното овошје чија извозна сезона започна на 3 септември 2020 година со реализирана надворешна продажба до 28 февруари 2021 година е обезбеден влез на значајни девизни средства за економијата на земјата. 

Извозот на цитрусно овошје во периодот септември 2020-февруари 2021 година во споредба со истиот период минатата сезона со раст од 12 отсто достигна до 813 милиони долари. 

Претседателот на Националниот совет за цитрусно овошје Кемал Качмаз истакна дека извозната сезона започна добро. 

Нагласувајќи дека во овој период на извозот на цитрусно овошје во новата сезона се доживеани значајни случувања, Качмаз рече: "Од почетокот на новата сезона до крајот на февруари од извозот на 1 милион 552 илјади тони цитрусно овошје се обезбедени нето девизни приходи од 813 милиони долари. Во овој период нашиот најголем извоз е остварен во Русија, а по оваа земја следуваат Ирак, Украина, Романија и Полска."

Качмаз напомена дека во надворешната продажба на база на производи најмногу се барани мандарините, а потоа следуваат лимоните, портокалите и грејфрутот.

 



Слични вести