„Фич“ ги зголеми своите прогнози за економски раст на Турција во 2021 и 2022 година

Во извештајот на „Фич Рејтингс“ (Fitch Ratings) „Глобален економски изглед“ се истакнува дека Турција се очекува во 2021 година да оствари економски раст од 6,7 отсто, а во 2022 година раст од 4,7 отсто

1603423
„Фич“ ги зголеми своите прогнози за економски раст на Турција во 2021 и 2022 година

Меѓународната организацијата за кредитен рејтинг „Фич Рејтингс“ (Fitch Ratings) ги зголеми своите прогнози во врска со Турција за оваа 2021 година и следната 2022 година.

Во извештајот на „Фич Рејтингс“ (Fitch Ratings) „Глобален економски изглед“ се истакнува дека Турција се очекува во 2021 година да оствари економски раст од 6,7 отсто, а во 2022 година раст од 4,7 отсто.

Оваа меѓународна агенција за кредитен рејтинг во нејзиниот претходно објавен извештај во месец декември соопшти дека во 2021 година се очекува Турција да постигне раст од 3,5 отсто, а во 2022 година раст од 4,5 отсто.

Во последниот објавен извештај на агенцијата се истакнува дека Турција заедно со Кина се наоѓа меѓу економиите во светот кои бележат раст.

Во извештајот на „Фич Рејтингс“ (Fitch Ratings) се нагласува дека силната монетарна поддршка и кредитите ја поддржаа отпорноста на економијата во Турција во 2020 година, а воедно стои дека инфлацијата во Турција на крајот на 2021 година се очекува да опадне на 11,5 отсто, а на крајот на 2022 година на ниво од 9,2 отсто.



Слични вести