Турција на прво место меѓу земјите со најголем извоз на овошје во Украина во 2020 година

Турција се наоѓа на првото место меѓу земјите со остварен најголем извоз на овошје во Украина во 2020 година

1603062
Турција на прво место меѓу земјите со најголем извоз на овошје во Украина во 2020 година

Турција во 2020 година оствари 28,8 отсто од извозот на овошје во Украина и се најде на прво место меѓу земјите кои реализираат најголем извоз на овошје во оваа земја.

Според податоците на Институтот за земјоделска економија, Турција во минатата (2020) година на Украина и продаде 269 илјади тони овошје.

На тој начин, Турција се најде на првото место меѓу земјите со остварен најголем извоз во Украина. 

На списокот на земјите кои остварија најголем извоз на овошје во Украина во 2020 година по Турција (28,8 отсто)., редум следуваат Еквадор со 12,9 отсто, Грција 6,2 отсто и Костарика со 5,8 отсто.

 



Слични вести