Туркиш Ерлајнс ја продолжува лидерската позиција во Европа по бројот на дневни летови

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени по просечно 649 летови ја продолжува лидерската позиција во Европа и во неделата 8-14 март

1602893
Туркиш Ерлајнс ја продолжува лидерската позиција во Европа по бројот на дневни летови

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени по просечно 649 летови го продолжи своето водство во Европа.

Според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за сообраќајот на летови во неделата 8-14 март, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени по просечно 649 летови ги остави зад себе своите европски ривали и ја продолжува лидерската позиција во Европа.

По Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) на второ место се наоѓа „Ер Франс“ со дневно остварени по просечно 358 летови.

На трето место е „КЛМ“ со 243 летови, на четврто место „Луфтханза“ со 231 лет, на пето место „САС“ со 165, а на шесто место се наоѓа „Бритиш Ервејс“ со дневно остварени по просечно 105 летови.

 

 

 



Слични вести