Во првите два месеци од годинава од извозот на турски чај се заработени 3 милиони 133 илјади долари

Според податоците на Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (DKİB), во периодот јануари-февруари 2021 година е остварен извоз на 785 тони чај во 72 земји и од овој извоз се заработени приходи во износ од 3 милиони 133 илјади долари

1601607
Во првите два месеци од годинава од извозот на турски чај се заработени 3 милиони 133 илјади долари

Во првите два месеци во 2021 година од извозот на турски чај се заработени 3 милиони 133 илјади долари.

Според податоците на Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (DKİB), во периодот јануари-февруари 2021 година е остварен извоз на 785 тони чај во 72 земји. Од овој извоз се заработени приходи во износ од 3 милиони 133 илјади долари.

Земји во кои е остварена најголема надворешна продажба на чај се Белгија, Германија и Соединетите Американски Држави (САД).

Во првите два месеци од оваа година на Белгија и е продаден чај во износ од 1 милион 308 илјади 677 долари, на Германија 300 илјади 244 долари, а на Соединетите Американски Држави (САД) 233 илјади 972 долари.

Различно од минатата година во наведениот период од два месеци е остварен извоз на турски чај во земјите како што се Австрија, Либан, Романија, Киргистан, Уганда, Монголија, Алжир, Хрватска, Египет, Габон, Нов Зеланд, Либерија, Бахреин, Парагвај, Бенин, Филипините, Бахамите, Мавританија, Панама, Шпанија, Србија и Сенегал.



Слични вести